Дома Топ вести Сити ќе троши 350 милиони на засилувања, ако Гвардиола замине

Сити ќе троши 350 милиони на засилувања, ако Гвардиола замине

Манчестер Сити се подготвува со посебен план за ерата по евентуалното заминување на менаџерот на клубот Пеп Гвардиола, објави во вторникот весникот „Мирор“.

Шпанскиот стратег има договор со англискиот шампион до следното лето и се уште не е јасно кој ќе го води тимот од сезоната 2025-2026. Раководството на „граѓаните“ подготви повеќе од 350 милиони евра за нови засилувања во случај на разделба со Гвардиола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причината за такво вложување ќе биде за новиот тренер да може да си ги исполни своите визии и барања.

Доколку Гвардиола остане на „Етихад“ и по 2025 година, средствата наменети за селекција ќе бидат значително помали, бидејќи тимот е граден по мерка на шпанскиот статег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…