Раководството на Манчестер Сити веќе се спрема за првата официјална понуда до Барселона за Лионел Меси, пренесува каталонски „Спорт“.
Манчестер Сити е спремен да понуди 100 милиони евра плус услугите на Габриел Жесус, Бернардо Силва и Ерик Гарсија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Финансискиот фер-плеј не му дозволува на „граѓаните“ да потрошат повеќе од 100 милиони евра имајќи ја предвид високата плата на Меси.
Каталонскиот клуб изгледа тврд на позицијата дека Меси ќе замине само со плаќање на откупната клаузула, но доколку работите не се променат и Аргентинецот инсистира да замине, тогаш ќе мора да ја прифати оваа понуда.
Меси настојува дека има право да го раскине договорот според клаузулата, но од „Камп Ноу“ се убедени дека таа истекла на 1-ви јули.
Меси е во постојан контакт со Пеп Гвардиола, а аргентинските медиуми тврдат дека неговиот татко веќе постигнал договор со Манчестер Сити за двегодишен договор со опција за трета сезона.