Манчестер сити соопшти дека е задоволен со одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана, што е и нормално.
Одлуката на УЕФА за двегодишната суспензија на „граѓаните“ од европските натпреварувања е поништена.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Иако Манчестер сити и неговите правни советници треба да ја прегледаат пресудата на ЦАС, сепак клубот ја поздравува одлуката која е донесена“, пишува во соопштението на клубот.
УЕФА ги суспендираше „граѓаните“ на две години од европските натпреварувања и парично ги казни со 30 милиони евра, поради кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.
Сепак, Судот во Лозана денес ја поништи одлуката, па „граѓаните“ може да играат во Европа и ќе мора да платат „само“ 10 милиони евра.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!