Манчестер Сити е во борба за нова титула во Англија, но „Граѓаните“ никако да не направат чекор во Лигата на Шампионите.
Овој пат, во четвртфиналето го спречи Тотенхем, па Гвардиола уште размислува за засилување на екипата за следната сезона и годините кои доаѓаат. Наводно, „Граѓаните“ сакаат да го доведат одличниот млад играч на Бенфика, Жоао Феликс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 19-годишен играч е желба на многу европски гиганти. Сепак, се шпекулира дека Реал Мадрид се откажал од борбата за неговиот потпис поради високата цена, исто како и Јувентус. Меѓутоа, португалските медиуми сега тврдат дека Манчестер Сити е подготвен ова лето да ја исплати неговата огромна откупна клаузула и да го доведе во своите реодви. Станува збор за сума од 120 милиони евра.
Инаку, Феликс има договор со Бенфика до летото 2023. година. Жоао Феликс оваа сезона одигра 38 натпревари за Бенфика во сите натпреварувања, постигна 16 гола и запиша девет асистенции. Успеа да запише хет-трик во Лигата на Европа.