Ајакс има неколку големи таленти во својата школа, има и фудбалери кои веќе имаат настапи за првиот тим, како и оние стандарните првотимци.
Џастин Клајверт веќе игра во првиот тим и воодушеви со своите напаѓачки способности, па сега се наоѓа на мета на најголемите европски клубови.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Најсериозен интерес за Клајверт покажува Тотенхем кој веќе оствари контакт со Ајакс и започна преговори за 18-годишниот фудбалер.
Крилниот напаѓач е посакуван од многу клубови, но Тотенхем е фаворит со оглед на фактот што имаат одлични односи со раководството на Ајакс.
Останува да видиме дали „спарси“ ќе успеат да ја победат конкуренцијата и како ќе се снајде Клајверт во Премиер лигата.