Дома Фудбал Симеоне ја откри причината зошто го продолжи договорот со Атлетико

Симеоне ја откри причината зошто го продолжи договорот со Атлетико

Од претходно беше познато дека Диего Симеоне ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид, а сега ја откри и клучната причина зошто потпиша нов договор.

Аргентинскиот тренер ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид до 2020. година. Симеоне за официјалниот веб сајт на Атлетико откри дека остана поради тоа што ниту една ѕвезда не го напушти клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога дознавме дека не можеме да донесеме никого во тимот, барав никој и да не го напушти клубот. Тоа е она и што се случи и тоа е причината поради која се уште сум овде. Останаа Саул, Гризман и Коке што е одлично. Да бирав помеѓу доведување на нови играчи и задржување на сегашните, би ја избрал втората опција. Привилегија ми е да се соработувам со играчи кои се наоѓаат во екипата, бидејќи тие се посебен колектив“, изјави Симеоне за веб страницата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анди Робертсон сè уште не знае дали ќе остане во Ливерпул

Одбранбениот играч Ендрју Робертсон сè уште не е сигурен дали ќе остане во англискиот фудб…