Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го поздрави враќањето на Диего Коста во неговиот тим, но и истакна дека Брзилецот со шпански пасош го чека тешка задача.
Коста за Атлетико не ќе може да настапува до јануари, до тогаш тој само ќе тренира и ќе се обиде повторно да се наметне кај Диего Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, Симеоне е добро запознаен со неговите квалитети, но и додаде дека Коста ќе мора да се помачи да избори место во првиот тим и дека нема да му помогне „старата слава“.
„Од сите фудбалери кои можеа да го подигнат нивото на квалитетот на нашата игра, Диего Коста беше најдобар избор. Меѓутоа неговото место во стартниот тим не е загарантирано. И тој како и Витоло ќе мора добро да се намачи за место во првите 11. Доволно е само да погледнете со каков тим располагаме и ќе сфатите зошто е тоа така“, изјави Симеоне.
Диего Коста во својот прв „мандат“ за Атлетико одигра 134 натпревари и постигна 64 погодоци.