Челзи и Манчестер Јунајтед ремизираа во вчерашното дерби од 13. коло во англиската Премиер лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред овој натпревар Мајкл Керик изненади со одлуката Роналдо да го остави на клупата, а Португалецот доби шанса во последниот половина час од ова дерби. После натпреварот во центарот на вниманието беше Тијаго Силва кој новинарите го прашаа дали е потешко да се чува Роналдо или Меси.




Силва имаше неколку дуели против Меси и Роналдо додека играше во Милан и ПСЖ.
„Разликата кога во прашање Меси е дека него не можете да го запрете кога ќе тргне еден на еден на еден или еден на два. Кај Роналдо не велам дека е лесно, но него е доволно да го чува еден играч. Двајцата се големи шампиони, но потешко е да се чува Меси отколку Роналдо“, изјави Силва.