Серхио Рамос оваа сезона игра добро во дресот на ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната.
Последните информации се дека ПСЖ нема да му понуди договор на 36-годишниот дефанзивец бидејќи сака на негово место да доведе помлад стопер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ наскоро ќе започнат преговори со Бенџамин Павард од Баерн, а на Рамос ќе му ја отворат излезната врата на лето.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Интер и Јувентус и да го доведат Шпанецот на лето без обештетување.
Наводно и самиот Рамос е отворен за авантура во Серија А, пренесуваат шпанските медиуми.