Во 1/16 финалето на УС Опен после пауза од повеќе од една година сестрите Вилијамс се најдоа една против друга.
Венус и Серена се сретнаа во 1/16 финалето на УС Опен, ан а крајот поуспешна беше Серена која запиша убедлива победа и на својата помлада сестра и дозволи да освои само три гејма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И во двата сета Серена беше убедлива, прво стигна до 6:1, а потоа со 6:2 го заврши мечот и сосема заслужено се избори за место помеѓу најдобрите 16 на овој Грен слем.
После победата Серена не го криеше задоволство и порача дека ова бил нејзиниот најдобар настап во мечевите против нејзината сестра.
„Ова беше мој најдобар настап од сите наши досегашни мечеви. Засега можам да кажам дека играм одлично на овој турнир“, изјави Серена.
Во останатите два меча кои се одиграа Плишкова ја победи Кенин (6:4, 7:6), а Берти славеш над Мучова со 6:3 и 6:4.