Реал Мадрид за викендот доживеа шокантен пораз од новиот член на Ла Лига. Кадиз на гости ги победи „кралевите“ со 0:1 во рамките од шестото коло.
„Марка“ пишува дека клупските сенатори – капитенот Серхио Рамос, Лука Модриќ и Тони Крос одржале говор во соблекувалната по натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постарите членови на клубот ги искажале своите чувства и нагласиле дека нема место за изговори. Капитенот Серхио Рамос бил првиот кој зборувал, а Крос и Модриќ зборувале многу помалку, но јасно и прецизно. Хрватот и Германецот иницирале порака за единствно и интезитет за тимот да се врати на победничките патеки“, пишува „Марка“.
Шпанците додаваат дека односот играчи – раководство не се доведува во прашање затоа што сите се сложиле со анализата после неверојатниот пораз во Мадрид. Се споменува дека Модриќ признал дека одиграл лош натпревар и дека тоа не смее да му се повтори.
Реал Мадрид следниот натпревар го игра во среда од 18:55 против против Шахтјор во Лигата на шампионите, додека во сабота од 16:00 часот наредниот викенд гостува кај Барселона.