Дома Фудбал Англија Сем Алардајс: Арсенал е наш ривал во борбата за опстанок

Сем Алардајс: Арсенал е наш ривал во борбата за опстанок

Арсенал игра катастрофално оваа сезона, толку лошо што на Островот веќе се зборува и за борба за опстанок на „топџиите“.

Тимот на Артета се наоѓа на 15. место на табелата. Затоа и новоназначениот менаџер на ВБА Сем Алардајс смета дека Арсенал ќе биде ривал на неговиот тим за борбата за опстанок.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Да, апсолутно. Арсенал ќе биде наш ривал за опстанок. Веќе седум натпревари тие немаат победа, изгубија и вчера во Лига Купот. Тоа не беше првенствен натпревар, меѓутоа сигурно поразот од 1:4 дополнително влијае на самодовербата на играчите. Сите во клубот сега се прашуваат што им се случува“, изјави Алардајс.

Во овој момент ВБА е претпоследен тим на табелата, а Аларадајс на клупата дебитираше со пораз од Астон Вила од 0:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…