Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Верувам дека овој проект ќе донесе трофеи и радост за Работнички

Седлоски: Верувам дека овој проект ќе донесе трофеи и радост за Работнички

Трофејниот македонски стратег и легендарен македонски репрезентативец Гоце Седлоски oд вчера е нов шеф на стручниот штаб на ФК Работнички.

Тој потпиша договор на 18 месеци и ќе има мисија да го врати нашиот клуб на шампионските патеки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Чест ми е што доаѓам во ФК Работнички, клуб со голема традиција и реноме во македонскиот фудбал, поранешен шампион и освојувач на Купот. Би сакал да се заблагодарам на новото раководство на клубот за укажаната доверба, ја сфаќам како сериозна обврска и ќе се вложам максимално за да ги оствариме целите што заедно ги зацртавме. Веруваме дека овој проект на крајот ќе донесе многу радости и трофеи во ФК Работнички.

Мојот начин на работа кој носеше титули ќе се потрудам да го наметнам и овде. Ред, работа, дисциплина и верба во сопствените квалитети се принципите што секогаш и секаде ги носам со себе и верувам дека ќе ги воспоставиме и во тимот на Работнички. Има голем потенцијал во овој тим, а верувам дека со уште неколку засилувања ќе изградиме колектив со кој ќе се гордееме“, вели Седлоски.

Репрезентативната пауза Работнички ќе ја искористи за пријателски натпревар против Башкими в недела и тој воедно ќе биде прв на клупата за Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…