Антоан Гризман наводно побарал трансфер од раководството на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека францускиот репрезентативец е подготвен да си замине од Атлетико и дека побарал од управата на клубот да го продаде на Барселона уште во јануари. Одличиот 26-годишен фудбалер одамна е цел на каталонскиот тим. Меѓутоа, официјална понуда немаше, а Гризман одлучи да го продолжи договор со Атлетико.
Меѓутоа, неколку месеци подоцна ја промени одлуката. Изрази желба за заминување и тоа во редовите на големиот ривал Барселона. Каталонците за неговите услуги се подготвени да одвојат 100 милиони евра, а останува да видиме дали овој трансфер на крајот и навистина ќе се случи.
Гризман е член на Атлетико од 2014. година. Пристигна од Реал Сосиедад за 30 милиони евра, а претходните мееци се поврзуваше со траснфер во Манчестер Јунајтед.