Дома Останати Кошарка Се чека само официјална потврда: Јокиќ ќе ги израдува Србите!

Се чека само официјална потврда: Јокиќ ќе ги израдува Србите!

Веројатно најдобриот кошаркар во светот во овој момент, Никола Јокиќ ќе игра за Србија на Олимписките игри во Париз.

Оваа вест како ексклузивна ја пренесе кошаркарскиот новинар Марко Љубомировиќ на својот профил на социјалната мрежа „Х“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денвер на Јокиќ пред три дена ја предаде „круната“ во НБА лигата, откако со 4:3 беа елиминирани во полуфиналето од плејофот на Западната конференција од Минесота.

По тој меч Јокиќ доби прашање за настапот на Олимписките игри, но не сакаше да одговори.

Оваа вест сега доаѓа од прилично сигурен извор, но треба да се почека и потврда од тренерот Светислав Пешиќ или самиот Јокиќ.

Никола Јокиќ последен пат за Србија на Евробаскетот играше во 2022 година, кога Србите беа изненадувачки елиминирани од Италија во осминафиналето. Јокиќ беше дел и од Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро, каде со Србија го освои сребрениот медал, а не настапи на последното Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еуфорија во Белград: Навивачите на Партизан до доцна во ноќта ја славеа победата над Звезда 🎥

Кошаркарите на Партизан вчера славеа важна победа против Црвена Звезда во Еввролигата во р…