Според информациите од Англија, Челзи со самодоверба го чека исходот од жалбата, се верува дека казната од суспензијата ќе им биде преполовена и дека во јануари ќе можат да купуваат играчи.
Со оглед на играта во Лигата на Шампионите, но и петте победи и во моментот четвртото место во Премиер лигата, Лампард ќе добие засилување уште на зима. Тој сака да го промени нападот, но и да го засили средниот ред. Синоќа скаутите на Челзи го следеа Минковиќ-Савиќ против Селтик.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Она што е реално за целите на Лампард во јануари се двајца напаѓачи. Имено, Абрамовиќ е спремен да издвои пари за Тимо Вернер, но и одличниот Калум Вилсон кој игра добро во Борнмаут. Лампард смета и на Абрахам кој добива поддршка, не верува во Жиру кој сака да го напушти клубот, како и заборавениот Батушаи.