„Газета дело Спорт“ пишува дека Интер во зимскиот преоден рок би можела да се ослободи од петмина фудбалери.
После победата над Каљари од 1:3, Антонио Конте изјави дека очекува промени во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако некои играчи сакаат да заминат за да играат повеќе, тогаш нека заминат. Мене ми е потребен помал и пофункционален тим“, изјави стратегот на Интер.
Спрод информациите на „Газета“ првите кои можат да заминат се: Наинголан, Весино, Ериксен, Андреа Пинамоти и Перишиќ.
Кога овие петмина би заминале се најавува дека Интер ќе доведе најмалку две засилувања.