Дома Фудбал Се спрема скандал во Примера, има оштетени клубови

Се спрема скандал во Примера, има оштетени клубови

Синоќа беше објавена програмата во Примера, односни датумите и сатниците за натпреварите.

После деталниот преглед на програмата шпанските медиуми открија големи разлики меѓу деновите за одмор на одредени тимови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Еден дел од тимовите ќе ги изиграат првите четири меча во рамки од 15 дена, а други за помалку од 10 дена.

Атлетико Мадрид, Билбао, Виљареал и Леганес изгледаат како најоштетени и ќе одиграат 4 меча во точно 10 дена.

Бетис ќе има најмногу време за одмор, точно 15 дена, бидејќи ќе игра на отварањето со Севиља.

Барселона, Реал Мадрид, Осасуна, Сосиедад и Ваљадолид ќе ги одиграат првите четири меча во рамките на 11 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим потврди лоши вести за Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека Џошуа Зиркзе нема да се врати …