Џордан Хендерсон, капитенот на Ливерпул повикал итен состанок со капитените на останатите клубови за да разговараат за Суперлигата пишува „Дејли Мејл“.
Ќе потсетиме, шест членови на Премиер лигата се дел од основачите на Суперлигата (Челзи, Тотенхем, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По објавата за формирањето на Суперлигата пристигнуваат критики од сите страни, а Клоп и Гвардиола јасно порачаа дека и тие не се „за“ вакво натпреварување. Без разлика што нивните сегашни клубови ќе бидат учесници.
Соиграчот на Хендерсон, Џејмс Милнер исто така испрати критики, па иако не е потврдено овој состанок веројатно ќе биде свикан за испраќање заедничка реакција на играчите од Премиер лигата до клубовите.
Англиските медиуми пишуваат дека и Хари Мегваер, капитенот на Манчестер Јунајтед жестоко се спротиставил на претседателот Ед Вудворд и застанал на страна на навивачите.