Откако Усаин Болт се пензионираше дефинитивно атлетиката повеќе не е иста и светот со нетрпение очекува негова достојна замена и можеби замената веќе е пронајдена.
Седумгодишниот Рудолф Инграм е новата атлетска ѕвезда која се раѓа и која ги има сите предиспозиции да го наследи јамајканскиот спринтер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата година Инграм истрча 100 метри за 14.59 секунди, а неодамна направи огромен напредок достигнувајќи време од 13.48 секунди, додека 60 метри Инграм истрча за 8.69 секунди.
7-year-old Rudolph “Blaze” Ingram, who has 295,000 Instagram followers after stars linked to his football videos, ran the 60-meter dash in 8.69 seconds pic.twitter.com/nKmI8Mr3qm
— Darren Rovell (@darrenrovell) February 12, 2019
Инграм не е само талентиран за атлетика ова момче покажа и потенцијал за натпреварување во американски фудбал. Според она што може да се види на видеата Инграм ќе може да избира во што да се натпреварува бидејќи подеднакво добро изгледа и во атлетиката и во американскиот фудбал.
Not your ordinary 6 year old… this lil man will break your ankles ? his name is Rudolph “Blaze” Ingram not only a monster on the field but he’s also a National champion in track ? pic.twitter.com/xDXIxPZTcq
— Heazy the Radio Guy? (@HeazySA) August 2, 2018
Малиот Инграм неодамна доби и големо признание и тоа не од било кој од кошаркарската супер ѕвезда Леброн Џејмс.
Засега Инграм се натпреварува и во атлетиката и во американскиот фудбал. Со своите седум години освои 36 медали од кои 20 се златни.
Сосема добар учинок покажа и во американскиот фудбал каде што настапува за тимот на Тампа Равенс. Минатата сезона во дресот на Равенс Инграм постигна пет „тачдауна“ на четири натпревари.
View this post on Instagram
Меѓутоа како што годините одминуваат веројатно не би можел да биде поделен на два дела и ќе мора да одлучи со што ќе се занимава.