Дома Топ вести Се подготвува голема „чистка“ во Баерн: Заминуваат фудбалери во вредност од 340 милиони евра?

Се подготвува голема „чистка“ во Баерн: Заминуваат фудбалери во вредност од 340 милиони евра?

Баерн Минхен зад себе има разочарувачка сезона посебно во Германија каде што по 11 титули во низа сезонава заврши на третата позиција.

Од поодамна е познато дека тренерот Тухел заминува, а него би требало да го наследи Винсент Компани. Но, ќе има големи промени и во играчкиот кадар. „Билд“ најавува дека во Баерн се подготвува голема „чистка“ на фудбалери кои во овој момент вкупно вредат 340 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Серж Гнабри (28 години) има договор до 2026 година, но тој е главен кандидат за продажба. Бидејќи премногу често се повредува, а и сега поради скинат мускул, не ќе го пропушти Европското првенство. Понатаму, тој игра премногу ретко игра на врвно ниво Но, Баерн ќе има голем проблем да се ослободи од него бидејќи Гнабри има плата од дури 20 милиони евра.

Кингсли Коман (27) е во многу слична ситуација како Гнабри. Пречесто се повредува и покажува премалку константност во играта. Тој има договор до 2027 година и е проценет на 65 милиони евра. Доколку Баерн успее да го продаде, би добил цело богатство.

Џошуа Кимих (29) е еден од најтешките ликови во соблекувалната. Прашање е што планира новиот тренер со него. Да се ​​биде десен бек или лидер во средината? Зависи и од тоа што сака Кимих во иднина. Неговиот договор е до летото следната година и Баерн веднаш би го продал за да заработи нешто од него.

Леон Горецка (29) е лидер и е посветен на клубот. Сепак, Баерн сака свеж воздух во средниот ред, а како опција се споменува Френки Де Јонг.

Дајот Упамекано (25) заврши на клупата по серијата лоши натпревари сезонава. Баерн е блиску до Тах од Леверкузен, па би можел да го плати со продажба на Упамекано.

Алфонсо Дејвис (23) флертува со Реал, но неговите игри се се полоши. Баерн сака да му го продолжи договорот кој завршува во 2025 година, но Дејвис бара премногу пари кои клубот не сака да му ги даде. Поради тоа голема е веројатноста да видиме нивна разделба летово.

Нусаир Мазрауи (26) е исто така фудбалер кој често се поврзува и не ги исполни очекувањата. Баерн на неговата позиција би можел да го врати Јосип Станишиќ кој беше одличен на позајмица во Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …