„Росонерите“ доведоа голем број засилувања и поголемиот број од нив беа означени како промашувања.
Еден од нив секако е фудбалерот од средината на теренот, Хакан Чалханоглу кој е на чекор од заминување од „Сан Сиро“ после само шест месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако минатото лето пристигна како големо засилување од Баер Леверкузен за 22 милиони евра, турскиот репрезнтативец не ги оправда очекувањата.
Фудбалските клубови Фенербахче и Галатасарај покажаа сериозен интерес за неговите услуги и сакаат да го доведат до крајот на сезоната.
Чалханоглу оваа сезона имаше и големи проблеми со повредите поради што и не го покажа својот полн потенцијал.
Тој оваа сезона за „росонерите“ одигра 20 натпревари, постигна два погодоци и запиша шест асистенции.