Една од најубавите недели на Островот би можела да ја одложи невремето.
Метеоролозите најавуваат снежни денови во Англија, тамошните медиуми најавуваат и можност да се одложат двете големи дербиња помеѓу Ливерпул и Евертон и Јунајтед и Сити.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Снегот во недела би можел да достигне и до десет сантиметри во Ливерпул и Манчестер, температурите се под нулата, така да на Островот најавуваат дека во тој случај ќе бидат одложени натпреварите овој викенд.
Jасно е дека конечната одлука ќе биде донесена дури во недела во текот на денот, по распоред, Ливерпул и Евертон играат од 15:00, а Јунајтед и Сити од 17:30.