Европската фудбалска федерација (УЕФА) спреми интересна новост за Европското првенство во 2020 година.
Како што наведува „Скај Спорт“ на Европското првенство наредната година УЕФА ќе овозможи привремени измени во случај на потежок удар на главата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако судијата се посомнева дека играчот добил силен удар во главата кој може да предизвика потрес на мозокот ќе биде дозволена измена додека не му се укаже помош.
Вакви измени веќе има во рагбито. На екипите им е дозволено да направат привремена измена, а ако играчот е спремен за враќање на игра се враќа после укажаната лекарска помош.
Доколку УЕФА навистина се одлучи за нешто ваква тоа ќе биде голема новост во светот на фудбалот, а ќе видиме како ќе биде искористено од страна на репрезентациите.