Европската куќа на фудбалот е на пат да се откаже од планот Европското првенство да се игра во 12 различни градови и сега ќе се фокусира на варијанта да се одржи најмногу ви 3 до 4 држави.
На тој начин „Вембли“ може да го загуби домаќинството за финалето, ако до следното лето во Англија не се отворат стадионите за публика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според првичниот план на „Вембли“ требаше да се одиграат седум меча, меѓу кои двете полуфиналиња и натпреварот за трофејот. Меѓутоа, ако не може да има публика, таму сигурно нема да се игра финалето на ЕУРО 2020 (21).
Најголема грижа на УЕФА е дали државите домаќини ќе можат да примаат фанови и спонзори на стадионите. Поради тоа голема е веројатноста наместо во 12 градови, организацијата да се одржи во 3 до 4 држави.