Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман се договорил со Барселона и наскоро ќе биде официјализиран трансферот на „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми.
Неколку месеци наназад првиот оперативец на Барселона, Роберт Фернандез и неговите соработници го припремаат теренот за еден од најголемите трансфери во шпанскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето Гризман ја одби понудата на Барселона и потпиша нов договор со Атлетико според кој заработува 20 милиони евра по сезона. Меѓутоа, Французинот се покаа поради таквата одлука, па наводно прифатил значително намалување на платата за да се пресели на „Камп Ноу“.
Откупната клаузула во договорот на Гризман изнесува 200 милиони евра, но до 15-ти јуни таа е „само“ 120 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.
Каталонските медиуми денес пренесуваат дека Барселона веќе го известила Атлетико и по завршувањето на сезоната и официјијално ќе ја активира откупната клаузула.
Наводно Каталонците се спремни да го продадат Кутињо за да го финансисираат трансферот на францускиот репрезентативец.