Дома Топ вести Светот му се смее на Роналдо: Хуанфран побрз од Португалецот!? (Фото+Видео)

Светот му се смее на Роналдо: Хуанфран побрз од Португалецот!? (Фото+Видео)

Кристиано Роналдо ја игра најлошата сезона во Ла Лига од кога пристигна во Реал во 2009 година.

Но, она што се случи во градското дерби изненади многумина, сепак тоа сигурно дека е доказ за тоа каков Роналдо гледаме оваа сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се играше 15 минута од натпреварот против Атлетико Мадрид, Модриќ испрати одлична топка за Роналдо кој имаше отворен пат кон противничкиот гол. Акцијата изгледаше идеална, меѓутоа побрз од Роналдо во овој момент беше дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хуанфран.

(Поради правилата на Ла Лига видеото може да се погледне само на „YouTube“)

Режисерот на пренесот на гледачите и со доказ им го докажа тоа: Хуанфран трчал 33.8 километри на час, додека Кристиано Роналдо 32.8 километри на час. Покрај тоа треба да се истакне дека Роналдо оваа сезона во Примера упати 55 удари кон противничкиот гол и постигна само еден погодок.

Секако на интеренет веднаш се појавија и снимки на кои Роналдо „до вчера“ со леснотија ги претрчуваше своите противници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …