Дома Фудбал Саул откри дека го напушта Атлетико поради Симеоне

Саул откри дека го напушта Атлетико поради Симеоне

Саул Нигез во последните моменти од трансфер пазарот го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Челзи.

Саул после трансферот откри дека односите со тренерот Симеоне биле причина за неговото заминување.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Три сезони играм на три различни позиции. Зборував со Диего Симеоне и не сакав да играм на позиција која не е моја. Челзи ми вети дека ќе можам да играм на позиција која ја сакам, па ова е голем предизвик за мене“, изјави Саул, кој сака да игра на позиција офанзивен играч за врска.

„Во Атлетико сум од 13 години и ова беше најтешка одлука за мене во животот. Жално е што не можам да се збогувам со фановите. Во неделата не знаев дека може да заминам, тогаш планот беше дека останувам. Се се промени во еден ден“, изјави Саул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА се плаши од несакани сцени: За Винисиус и Престијани донесена одлука каква што досега не е видена!

Реал Мадрид и Бенфика ќе го одиграат реванш натпреварот од плејофот на Лигата на шампионит…