Познато е дека Јувентус бара лев бек.
Повредите на Де Шиљо и Днило му направија проблем на Сари, го има само Алекс Сандро, кој отсуствуваше во натпреварот против СПАЛ, па Матуиди мораше да игра на позицијата лев бек. Без оглед на тоа што Данило и Де Шиљо ќе се опорават, тие се десни бекови кои по потреба можат да играат и лево, меѓутоа Сари смета дека треба да најде вистинска замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На листата на Партичи има четири имиња, првото е Палмиери кој Сари го промовираше во Челзи, но „Сините“ тешко дека ќе го продадат Бразилецот. Второто име е враќање на младиот Пелегрини, кој беше купен од Рома, но и вратен на позајмица во Каљари. Се споменува и Дармијан кој се врати во Парма, на списокот уште е и Карлос Аугуст од Коринтијанс, младата бразилска ѕвезда која со стилот на игра потсетува на Сандро.