Неговото заминување е прашање на денот.
Сагата околу трансферот на Алексис Санчез не престанува уште од минатото лето. Договорот му истекува во јуни оваа година, и ако Арсенал не го продаде оваа зима, нема од својот најдобар играч да заработи ништо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прво беше сигурно дека Санчез ќе се пресели во Манчестер Сити. Потоа се шпекулираше дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед. Деновите поминуваат, а Санчез и понатаму е во Аренал, а Арсен Венгер тврди дека, ако не го продадат до утре, во сабота ќе игра за Арсенал во градското дерби против Кристал Палас.
Трансферот на Санчез ќе се случи, а и не мора. Ако не се случи, тој би можел да игра во сабота против Кристал Палас. На трансфери работам веќе 30 години. Трансферот веројатно ќе се случи, но ништо не е загарантирано“, изјави францускиот стратег на прашањето за Санчез.