Реал Мадрид не беше многу активен на трансфер пазарот ова лето, но шпанските медиуми пренесуваат дека спрема „бомба“ во јануари.
Имено, Зинедин Зидан сака да го засили нападот и има желба да го донесе Алексис Санчез. Чилеанецот е на излезна врата од Арсенал и е спремен да започне преговори со „кралскиот“ клуб.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сепак, ако им се верува на шпанските медиуми, тешо дека ќе дојде до реализација на трансферот. Наводно соблекувалната на „кралевите“ кренала понуда против Санчез, а предводник е капитенот Серхио Рамос.
Капитенот смета дека бившите фудбалери на Барселона не се добредојдени на „Сантиаго Бернабеу“, а во тоа го поддржува и остатокот од тимот. Покрај тоа Рамос смета дека на клубот му е потребен некој помлад, иако Санчез има само 28 години.
Санчез не сака да го продолжи договорот со Арсенал, па најверојатно ќе биде продаден во јануари со цел „топџиите“ да можат да заработат на него.
Доколку Реал Мадрид се откаже од трката за неговиот потпис, тогаш главен кандидат е Манчестер Сити.