Примарна трансфер цел на Милан ова лето ќе бидат двете ѕвезди на Лил, Ренато Санчез и Свен Ботман.
Дефанзивецот треба да биде замена за Ромањоли, додека „росонерите“ во Санчез гледаат идеален наследник за Франк Кеси, кој се пресели во Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан има комплетен договор со двајцата фудбалери, а веќе подолго време преговара со Лил. Според последните информации постигнат е договор за трансфер на Ренато Санчез за 18 милиони евра и во следните денови Португалецот ќе пристигне во Милано.
Што се однесува до Ботман, за него конкуренцијата е голема бидејќи го сакаат уште ПСЖ, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Милан нуди 30 милиони евра за неговиот потпис и тој преферира преселба на „Сан Сиро“, а проблем е што англиските клубови се спремни да платат 40-45 милиони евра за Холанѓанецот.
🚨 Milan have agreed terms with Renato Sanches. Continuous contacts with Lille to close the deal at €18-20M. Botman, however, is moving further from Milan. Tottenham, Man United and Newcastle are strongly pursuing the Dutch defender
— CHAMPIONS OF ITALY 🏆 (@MilanEye) June 7, 2022
[@SkySport] pic.twitter.com/jlb5NbQyjZ