Дома Фудбал Англија Санчез на загревањето во натпреварот со ПСЖ заработил бизарна повреда?

Санчез на загревањето во натпреварот со ПСЖ заработил бизарна повреда?

Манчестер Јунајтед во вторникот одигра натпревар за заборав и доживеа пораз од Пари Сен Жермен на домашен натпревар во првиот натпревар од осминафиналето.

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочи со проблеми во финишот од првиот дел кога Лингард и Марсијал заработија повредени и мораа да бидат заменети.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа сега се открива дека тие повреди не биле единствениот проблем за Солскјер.

Санчез го замени Лингард во финишот од полувремето, но сега се открива дека Чилеанецот заработил повреда уште на загревањето.

Наводно, Санчез заработил повреда при загревањето кога се удрил во помошникот на Даниеле Орсато, Фабиано Прети.

Чилеанецот ги известил луѓето на клупата на Јунајтед дека почуствувал сериозна болка во коленото, но сепак било донесена одлука тој да продолжи.

Според медиумите, Санчез поради оваа повреда би можел да го пропушти натпреварот за викендот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…