Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез на почетокот на оваа година стигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување од Арсенал.
„Црвените ѓаволи“ направија голем напор за да го доведат Санчез од Арсенал, но во изминатите осум месеци Чилеанецот баш и не ги оправда очекувањата. Навивачите на Јунајтед се разочарани од неговите настапи, а за многумина тој е најлошото засилување за клубот во последните десет години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми овие денови шпекулираат дека Санчез веќе во јануари би можел да го напушти Манчестер Јунајтед, а според нивните информации за неговите услуги голем интерес покажал Наполи.
Наводно, Санчез им открил на своите пријатели дека баш и не е среќен од тоа како работите се одвиваат во Јунајтед и дека сериозно размислува да го напушти клубот.
Алексис во дресот на Арсенал прикажуваше фантастични настапи, но во Јунајтед тоа не е случај. Поради таквата ситуација не би било изненадување ако Санчез на почетокот на 2019 година го напушти „Олд Трафорд“.
Ќе потсетиме, Санчез во својата кариера веќе настапуваше во Италија во редовите на Удинезе.