Сане имал прилика да соработува со Јирген Клоп, но во 2016. година одлучил од Шалке да се пресели во Манчестер Сити, со кого незапирливо оди кон титулата оваа сезона.
„Да, вистина е, разговарав со Ливерпул. Јирген тогаш ме повика, разговараше со мене, но го одбив. Го запознав додека работаше во Борусија, добар човек е и добро работи со Ливерпул“, изјави Сане, па додаде:
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Имав можност да одам кај него и во Борусија, но не сакав. Можам да кажам дека два пати го одбив“.
Лерој Сане игра одлично под водство на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и е еден од најдобрите играчи на клубот од „Етихад“.