Дома Фудбал Англија Салах се сликаше пред божиќна елка, па беше жестоко нападнат📷

Салах се сликаше пред божиќна елка, па беше жестоко нападнат📷

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, повторно објави семејна фотографија пред божиќна елка, па како и претходните години, доби многу критики и навреди од Муслимани.

Во коментарите се огласија бројни следбеници на исламската вероисповед, кои го навредуваа Салах затоа што слави христијански празник.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Мислев дека си пример и најдобар амбасадор на твојата вера. Не го очекувавме ова, дека ќе го навредуваш Бога. Не ја продавај евтино својата вера”, „Брате муслиман, многу те сакаме, но ние сме изненадени што го славите Божиќ“, „Не срамете ја нашата религија“ се само дел од коментарите.

Салах и претходните две години ги доби истите коментари, но очигледно не влијаат на него бидејќи ја продолжи традицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…