Ливерпул вчера победи со 4:0 против Кристал Палас и така направи уште еден чекор кон трофејот во Премиер лигата на кој чека цели 30 години.
Уште денес Ливерпул може и математички да стане шампион на Англија, потребно е само Манчестер Сити да не го победи Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По вчерашниот натпревар на Ливерпул зборуваше Мохамед Салах.
„Одлично се чувствувам. Кога дојдов во Ливерпул кажав дека сакам да ја освојам Премиер лигата и да донесам радост за овој град. Овој тим долги години чека на тој трофеј. Минатата година Манчестер Сити беше за малку пред нас, но сега дојде нашето време да бидеме шампиони“, изјави Салах.
Новинарите го запрашаа и дали ќе го гледа натпреварот помеѓу Челзи и Сити.
„Не, имам други планови ќе се играм со ќеркичката“, одговори ѕвездата на Ливерпул.