Дома Фудбал Англија „Салах не треба да биде во стартниот тим на Ливерпул“

„Салах не треба да биде во стартниот тим на Ливерпул“

Поранешниот офанзивец на Ливерпул, Џон Олдриџ смета дкеа Мохамед Салах во овој период не треба да биде дел од првиот тим на Ливерпул.

Салах е пред потпис на нов договор со Ливерпул според кој ќе добива околу 600.000 евра неделна плата со што ќе стане втор најплатен фудбалер во Премиер лигата веднаш зад Роналдо.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Коментар за целата ситуација даде Олдриџ кој смета дека со формата која ја има Салах не заслужува место во првиот тим на „црвените“.

„Ако гледаме според формата, Мо не треба да биде во првиот тим. Колку и да е голем, колку и да го сакаме, ако судиме според формата јасно е дека има проблеми. Можеби луѓето ќе кажат дека размислува на договорот, но тоа не менува многу. Не постигнал гол од игра веќе шест недели..“, истакна Олдриџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри го објави датумот кога Модриќ ќе пристигне во Милан

Масимилијано Алегри, кој повторно се најде на тренерското столче на Милан, потврди дека Лу…