Дома Фудбал Останато Салах лут: Ова нема врска со љубовта, не можев да излезам од дома

Салах лут: Ова нема врска со љубовта, не можев да излезам од дома

salah

Moхамед Салах во саботата со Ливерпул, а потоа се упати кон Египет.

Празникот Бајрам Салах го дочека во својот роден град Нагрига, но не поминало се онака како што очекувал фудбалерот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


После доаѓањето неговата куќа ја окупирале голем број фанови и новинари. Салах немал ниту малку приватност, а пропуштил и да отиде на Бајрам-намаз затоа што не можел да го напушти својот дом.

Поради ваквите случувања тој се одлучи да се огласи на Твитер и јасно порача:

„Она што го прават одредени луѓе, но и новинари нема никаква врска со љубовта. Не можев да излезам од дома и да одам на Бајрам-намаз. Тоа се вика непочитување на приватност и непрофесионализам“, напиша Салах.

Салах зад себе има сезона во која со Ливерпул стигна до трофејот во Лигата на шампионите, а Египќанецот и беше стрелец во големото финале против Тотенхем кога уште на стартот од натпреварот отвори со гол од белата точка. Покрај тоа во Премиер лигата со „црвените“ заврши како второпласиран после една долга сезона во која многу пати го менуваа лидерството со Манчестер Сити, на крајот „граѓаните“ успеаа да поминат први низ целта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…