Раководството на Ливерпул се оптимисти дека ќе успеат да ја убедат ѕвездата на тимот, Мохамед Салах да стави потпис на нов договор.
Актуелниот договор на Египќанецот истекува во 2023 година, но тој е мета на многу европски гиганти кои внимателно ја следат неговата ситуација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса до крајот на овој месец. Неколку важни играчи веќе ставија потпис на нов договор, па во Ливерпул се оптимисти дека Салах ќе ја продолжи соработката.
29-годишниот фудбалер пристигна на „Енфилд“ во 2017 година од Рома. До сега тој има 126 гола и 49 асистенции во 206 меча за клубот.