Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах зборуваше за статусот во својот клуб и новиот договор.
Договорот на Салах со Ливерпул му истекува летото 2023 година, а во тек се преговори за продолжување на соработката кои во овој момент одат во добра насока. Ливерпул на Салах му нуди договор на четири години, тоа практично би било до крајот на неговата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарите на „Скај Спорт“ разговараа со Салах пред дербито во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул кое се игра во недела од 17:30 часот.
„Она што можам да го кажам е што постојат работи што луѓето не ги знаат. Не можам да бидам себичен и да зборувам за својата ситуација. Се наоѓаме во најважниот период од сезоната, па така сега сум фоксуиран на екипата. Тоа е најважното, повеќе немам што да кажам“, изјави Сaлах.
Ливерпул се уште е во игра за освојување на сите трофеи оваа година и тоа е она за што размислува египетскиот „крал“.