Уште една девојка во јавноста зборува за Емилијано Сала.
Бразилската одбојкарка Луиза Унгерер го запознала несреќениот фудбалер Емилијано Сала во Нант и откри дека биле во тајна врска претходните две години. Таа игра за француски Безие Анжел, а приказната за врската со Сала ја откри за бразилски „Глобо“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сала две години имал тајна љубовна врска, но имаше и официјална девојка, француската манекенка Бернис Шкаир со која се забавуваше во послените неколку месеци. После неговото исчезнување таа на својот Твитер профил објави пост во кој тврдеше дека споре неа тоа не било несреќен.
Меѓутоа потоа демантираше дека знае нешто повеќе и порача дека сето тоа го објавила во моментите кога била избезумена поради трагедијата.
Сала и Унгерер прво стапиле во контакт преку друштвените мрежи, додека и двајцата играа за Нант. Таа за одбојкарскиот, тој за фудбалскиот.
Луиза игра во Франција веќе осум години наназад, а со Емилијано последен пат се видела на 14-ти јануари, за нејзиниот роденден.
„Замина да го види Кардиф и кога потпиша договор требаше да игра таму. Ми беше мило бидејќи беше среќен. Тоа беше негов сон да игра во Премиер лигата, најдобрата лига во светот“, изјави Унгерер.
Со Сала разговарала на денот на падот на неговиот на 21-ви јануари, но не откри за што зборувале.
„Она што јас сакав е да се врати. На улица во Нант сите го препознаваа, доаѓаа да зборуваат со него и да се сликаат. Имаше чисто срце без лоши намери и понекогаш беше многу наивен“, изјави Унгерер.