Дома Македонски спорт Мак фудбал Димитриевски: Сакам да ја завршам кариерата со настап на Мундијалот 2030

Димитриевски: Сакам да ја завршам кариерата со настап на Мундијалот 2030

Македонскиот репрезентативец голман Столе Димитриевски во интервју за „ТелеМадрид“ изјави дека нема проблем да остане во Рајо Ваљекано, а планира да игра најмалку до 2030 година.

Шпанија и Португалија се кандидати за организација на Светското првенство во 2030 година, а Столе Димитриевски вели дека за него би бил перфектен крај доколку игра со Македонија игра на тој Мундијал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мојот сон е да ја завршам кариерата во македонскиот дрес со настап на Мундијалот во 2030 година, во Шпанија и Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, кажа Димитриевски.

Димитриевски и оваа сезона е еден од најдобрите голмани во Примера и неговото име често се поврзува со големи клубови, но тој истакна дека нема проблем да остане во Ваљекано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…