Дома Фудбал Англија Сака станува еден од најплатените играчи во историјата на Арсенал

Сака станува еден од најплатените играчи во историјата на Арсенал

Според последните информации од Англија, Арсенал и Букајо Сака се блиску до продолжување на соработката.

Информациите од Островот се дека наскоро ќе пристигне и официјална потврда за обновувањето на соработката.

Наводно, талентираниот 21-годишен Англичанец ќе има плата од 10 милиони фунти по сезона, меѓутоа со бонуси и премии таа би стигнала и до 15 милиони фунти или 300.000 фунти неделно.

Тоа би било плата четирипати поголема од она што Сака го заработува во моментов (70.000 фунти неделно). Треба да се спомене дека би станал и најплатениот играч на Арсенал во овој момент, но и еден од најплатените во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џексон и Делап донесуваат на Челзи над 120.000.000 евра!

Николас Џексон и Лијам Делап, како трет и четврт избор на позицијата напаѓач, ќе му донеса…