Дома Останати Кошарка Сака во тимот со Харден и Пол: Кармело Ентони бара трансфер во Хјустон Рокетс

Сака во тимот со Харден и Пол: Кармело Ентони бара трансфер во Хјустон Рокетс

Кошаркарот на Њујорк Никс, Кармело Ентони, во наредните денови очекува да се сретне со челниците на клубот од кои ќе побара да се префрли во дресот на Хјустон Рокетс.

Според американските медиуми, популарниот Мело, ќе се откаже од клаузулата во договорот која забранува трансфер во друг тим, но за да биде реализирана неговата желба тој ќе мора да се договори со генералниот менаџер на Њујорк, Скот Пери и со претседателот Стив Милс.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Инаку интерес за Мело покажува и вицешампионт Кливленд, но крилниот кошаркар рекол дека сака да оди во Хјустон.

Кармело Ентони има важечки договор со Њујорк и во наредните две сезони, според кој треба да инкасира 54 милиони долари, но како сега стојат работите многу е пореална варијантата тој да се пресели во Тексас.

Со Ентони Хјустон ќе створи тим за респект, подготвен да ја нападне шампионската титула. Хјустон кој во тимот го има Џејмс Харден, на почетокот на преодниот рок потпиша договор со најдобриот плејмејкер во лигата Крис Пол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Откриено што точно ѝ пресуди на врската на Лука Дончиќ и Анамарија Голтес

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес моментално водат жестока судска битка за старателство над д…