Дома Фудбал Англија Сагата заврши: Азар става потпис на нов договор со Челзи

Сагата заврши: Азар става потпис на нов договор со Челзи

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар го договорил деталите за новиот договор со раководството на Чезли, пренесуваат англиските медиуми.

Сегашниот договор на Белгиецот истекува во 2020 година и двете страни веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Преговорите во еден момент беа прекината, а медиумите тоа го протолкуваа како знат дека Азар сака да си замине од „Стенфорд Бриџ“.

Сепак, последните информации од Островот говорат дека двете страни конечно постигнале договор и Азар наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Со новиот договор Белгиецот ќе се обврзи на верност со „сините“ до 2022 година и ќе добие значително зголемување на платата.

27-годишниот Азар на шест натпревари од Премиер Лигата оваа сезона веќе има 5 постигнати голови и две асистенции, а вечра беше избран и во идеалниот тим на годината од страна на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…