Дома Фудбал Англија Руни: Јунајтед треба да го пушти Роналдо

Руни: Јунајтед треба да го пушти Роналдо

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, верува дека клубот мора да го пушти Кристиано Роналдо да си замине ако сака да изгради успешен тим во иднина под водство на новиот менаџер Ерик тен Хаг. 

Роналдо инсистира да си замине, дури и ги пропушти подготовките со тимот, бидејќи сака да игра во тим кој настапува во Лигата на шампиони.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Мислам дека Јунајтед треба да го пушти Кристиано Роналдо. Не дека Роналдо не може да игра во тим на Тен Хаг. Може да игра во секој тим. Рони секогаш ќе ти дава голови. Но, мое лично мислење е дека Јунајтед сега не е подготвен да ја оспори титулата, па целта треба да биде да се изгради тим кој ќе може да ја освои лигата во следните три до четири години и треба да планирате за тоа“, изјави Руни.

Роналдо минатата сезона постигна 24 голови во сите натпреварувања, но тимот имаше лоша сезона под сите очекувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…