Поранешниот репрезентативец на Англија Вејн Руни смета дека неговата генерација можела да освои се ако имала тренер каков што е Пеп Гвардиола.
Руни со националниот тим играше шест големи натпреварувања. И покрај квалитетниот тим, Англија со него не стигна подалеку од четвртфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ја гледам Англија и среќе сум што победуваат. Кога ќе го погледнете нашиот тим од пред 10 години, тоа без сомневање е најдобриот во светот. Рио Фердинанд, Џон Тери, Ешли Кол, Стивен Џерард, Пол Сколс, Френк Лампард, Дејвид Бекам, јас, Мајкл Овен...Ако го имавме Гвардиола за селектор на оваа група играчи ќе освоевме се, сигурен сум во тоа“, изјави Руни.
Руни одигра 120 натпревари за Англија и со 53 гола е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.