Манчестер Сити и Реал Мадрид синоќа се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сити на домашен терен го победи Копенхаген со 3:1 и со вкупни 6:2 влезе во четвртфиналето, додека Реал на Сантијаго Бернабеу одигра 1:1 со РБ Лајпциг и се пласира понатаму со вкупни 2:1.
По натпреварот, германскиот стопер на Реал, Антонио Рудигер даде изјава за медиумите: „Тие играа добро, а ние игравме лошо, едноставно кажано. Мислам дека не мислевме дека имавме водство од првиот натпревар, но едноставно бевме неорганизирани и бавни. Ни недостасуваше интензитет и не влегувавме во дуели. Во Лигата на шампионите навистина можат да ве казнат за таквиот пристап“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во второто полувреме ни извршија голем притисок и не принудија да се повлечеме во одбраната. Денеска го немавме вистинскиот одговор на нив. Научивме важна лекција, а тоа е дека треба да се влезе на 100% во натпреварот и така да се одиграат цели 90 минути. На крајот отидовме понатаму, но сигурно нема да го славиме тоа по ваков настап и имаме многу да зборуваме“, заклучи Рудигер.