Дома Фудбал Останато Роналдо ја откри долгата листа на потенцијални наследници

Роналдо ја откри долгата листа на потенцијални наследници

Ѕвездата на Реал Мадрид смета дека некој од младите фудбалери на Монако, ПСЖ или Манчестер Јунајтед наскоро може да ги следи неговите стапки и да се искачи на самиот врв на светскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот Португалец прославува уште една награда откако беше награден за најдобар играч за изминатата сезона, спроед изборот на УЕФА, а Роналдо победи и на последниот избор за Златната топка.

Роналдо за слични награди, во текот на изминатава деценија, се бореше со Лионел Меси, меѓутоа полека годините ги надминаа овие двајца фудбалери, а 32-годишниот Португалец смета дека некој од младите фудбалери како Мбапе, Нејмар или Рашфорд наскоро би можел да ја превземе титулата најдобар во светот.

„Тоа е многу добро прашање. Гледам некои играчи со голем потенцијал: Асенсио, Мбапе, Нејмар, Дембеле, Азар, Рашфорд… И уште некои други. Во следната генерација постојат барем 10 играчи кои имаат голем потенцијал“, одговори Роналдо на прашањето за потенцијален наследник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нојер откри што се случуваше во соблекувалната на Германија по елиминацијата од Светското првенство

Германија е апсолутно разочарана откако нејзината репрезентација беше елиминирана во 1/16 …